Почетна / Избор на Уредникот / ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ РЕГУЛАРНИ

ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ РЕГУЛАРНИ

Цела државна изборна комисија со се општинските, и избирачките одбори треба кривично да се гонат.Заради нивен пропуст ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА СЕ НЕРЕГУЛАРНИ.На Гласачкото ливче не стои името на државата во која се одвиваат избори, макар и за претседател на истата.

Граѓанинот, за да излезе да гласа, мора прво да провери дали го има во избирачкиот список.Доколку го нема, навреме да ја пријави аномалијата.

Граѓанинот треба да провери исправноста на документите за лична идентификација.доколку им истекол рокот да ги заменат на време.

Граѓанинот, откако ќе дојде на избирачкото место,мора да приложи официјален документ за идентификација, па избирачкиотодбор да провери дали го има на списокот.

Граѓанинот е бележан дека гласал, со тоа што се потпишал, му ставиле некаков спреј и заминал да гласа.

Гласачкото ливче за овие избори за жал не го содржи името на државата. А, официјалното име и е РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.Имаме избори во држава која НЕМА ИМЕ.Има знаме.

Дали на граѓанинот доколку во списокот е запишан само со презиме или само со име, и место лична карта или пасош носи на пример здравствена книшка со фотографија, или возачка дозвола ќе му биде дозволено да гласа.НЕ НЕМА ДА ГЛАСА.

Како тоа со волкав бирокатски апарат и со дебели плати членовите на ДИК односно Државната изборна комисија на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, заборавија на гласачкото ливче да го отпечатат името на државата.

Тоа не е ситница, тоа е прекршување на Уставот, како и на Изборниот законик на Република Северна Македонија.

Политиканството со стравот од бојкот, значеше исфрлање од употреба на официјалното уставно име на државата РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

За жал ниту желбата на граѓаните да пријават нерегуларност за непостоењето на името на државата, не беше прифатена.Во Штип на одредено избирачко место, е побарано во записник да влезе оваа нерегуларност.Но со однос кој не доликува на членови на избирачки одбор, барањето е одбиено како неосновано .

Не , не се важи одговорот дека никој не е виновен.Граѓанскиот сектор, заедно со МОСТ или ЦИВИЛ  и другите кои ги следат изборите треба да реагираат, на политичката неукост, на рушењето  на Уставот, и да побараат во име на тие малкумина кои сакале да гласаат на претседателските избори на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, -ОДГОВОРНОСТ ОД ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА   и од сите надлежни органи и тела , кои ја направија БЕЗИМЕНА  оваа држава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *