Почетна / Црна хроника / Излетал, па налетал на дрва, и влетал во паркирани возила

Излетал, па налетал на дрва, и влетал во паркирани возила

Три лица се тешко повредени кога ноќеска околу 1.25 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје 47-годишен скопјанец со автомобил „шеврлолет круз“ излетал од патот и удрил во дрво, а потоа и во паркирани возила „опел астра“ и „фиат пунто“.

Во сообраќајната несреќа тешко се повредени возачот и сопатникот Љ.С. (55) од Скопје, а другиот сопатник Т.Г. (39) од Скопје добил телесни повреди.

Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му била укажана лекарка помош, а двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *