Почетна / Избор на Уредникот / Измамници ја демнат и наплаќаат маката на граѓаните

Измамници ја демнат и наплаќаат маката на граѓаните

Поради маката измамени се граѓани од Штип секако и од други градови, божем ќе имале подобар живот.

Им било понудено од измамниците сезонска работа во Будва,од лица кои имале фалсификувани документи дека се ангажирани како посредници од некоја агенција, за работно ангажирање лица од Македонија во Будва.

Наводните агенти за работа на лицата кои сакале да работат во Црна гора им нуделе работа на плажа, лежалки, чадори, одржување и слично, плата од 800 евра плус храна и сместување.И за да заминат таму треба нешто да авансираат.Авансот чинел 100 евра.

Измамените, ,според договорот, ги чекале измамниците на денот кога требало да заминат во Будва, но од нив ни трага ни глас. Биле недостапни ни на телефоните. Измамниците биле толку прифригани што знаеле добро да ги „убедат“ измамените граѓани, дозволиме да им се снимаат и личните карти,, веројатно фалсификувани. Така, граѓаните ем не заминале на работа во Будва , ем останале без парите.Еден од измамените ни ја достави и фотографијата на човекот кој го измамил и потоа останал недостапен.  Измамникот имал лична карта на име Срѓан Карабелески.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Етапна исплата на пензиите

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *