Почетна / Свет / Имам во Нов Зеланд, за масакрот виновни ги прогласи Евреите

Имам во Нов Зеланд, за масакрот виновни ги прогласи Евреите

На протестите против расизмот и во спомен на жртвите од терористичкиот напад во двете џамии во Крајстчрч, лидерот на една џамија на Нов Зеланд за масакрот ги обвини Евреите.,,Навистина сакам денеска да кажам една работа. Мислите дека овој тип бил сам…Сакам да ве прашам од каде тој добил финансиски средства? Нема да избирам зборови , стојам овде пред сите вас и ви велам дека имам многу , многу голем сомнеж дека некоја група стои зад него и не се плашам да кажам дека Мосад стои зад сето ова. “ , изјави имамот Ахмед Бамџи во саботата .

Мосад е израелска разузнавачка служба , која често се споменува од антисемитските активисти. Имамот отиде чекор понатаму и за масакрот ги обвини ционистичките компании .

Да биде уште полошо , Бамџи наместо осуда , наиде на поздрави од страна на насобраните на улиците во Окланд.

Снимката деновиве се прошири низ Нов Зеланд и предизвика осуди меѓу еврејската заедница, а потоа ги испровоцира на остри реакции Евреите од целиот свет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *