Почетна / Избор на Уредникот / Инспекциите велат:Се‘ е ОК.Работниците -нека дојдат да се возат со нас.

Инспекциите велат:Се‘ е ОК.Работниците -нека дојдат да се возат со нас.

Полицискиот час заврши, но со неговото укинување, не е укинат Ковид 19, Уште  нови лица се заразени од болештијава.Повеќето од нив  се  од конфекцијата„Ти стајл“, кој е затворена.Џабе е што е затворена, кога болеста се шири, а надлежните до  оваа состојба само аплаудирале.За неколку дена бројката е 19 лица кои имаат ковид 19,од нив 17 се вработени во “ти Стајл“ а двајца по други основи се заразиле од вирусот. Поради тоа што Штип е конфекциски град, многу лесно и уште порапидна да биде бројката на заболени.Многу е голема веројатноста Штип целосно да биде изолиран. Надлежните односно комисијата за заразни болести да предложи , а Владата да донесе одлука за целосно  затворање на Штип, кон јавноста.Работничките во конфекциите од прогласувањето на вонредната состојба постојано укажуваа дека се транспортираат во автобуси како сардини, укажуваа дека во автобусите се возат и други вработени по конфекциите. Во конфекциите пак не се почитувала мерката на државата за растојание на работните позиции.Тие укажуваа, но никаде ги немаше надлежните инспекциски органи да проверат и да наложат отстранување на недостатоците.Се огласи денес Државниот здравствен и санитарен инспекторат, велејќи дека направиле увид и се‘ било во ред.Наспроти нив текстилците тврдат дека ниту еднаш во автобус со нив не се возел здравствен и санитарен инспектор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џамбаски сака anshluss врз Македонија

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *