Почетна / Балкан / Истанбул е град без влијание на Ердоган

Истанбул е град без влијание на Ердоган

Турската Изборна комисија го прогласи опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул, без оглед на жалбата која вчера ја поднесе партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Правда и развој“ за поништување на изборите.

Откако го доби мандатот од Изборната комисија, Имамоглу отиде во Градскиот совет на Истанбул, каде контролата веќе 25 години ја имаат одборници од партијата на Ердоган.

Новиот градоначалник рече дека тој е во служба на 16 милиони лица, а не само на едно, една група или една партија. Илјадници негови приврзаници се собраа пред Градскиот совет за да ја прослават неговата победа.

Партијата Правда и развој, на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера поднесе жалба со која бара да се поништат и повторно да се одржат општинските избори во Истанбул.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Црна Гора на море, само со “купачи“

Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *