Почетна / Спорт / Карате репрезентацијата се подготвува за ЕП

Карате репрезентацијата се подготвува за ЕП

Најдобрите македонски каратисти ги почнаа подготовките за сениорското 54-то Европско првенство кое ќе се одржи од 28-31 март во Гвадалахара, Шпанија.На листата репрезентативци се нашите најтрофејни натпреварувачи предводени од актуелниот европски шампион и најдобар спортист на Македонија за 2018 година Емил Павлов.

Медитеранскиот шампион Берат Јакупи и освојувачот на бронзен медал на Медитеранските игри Жарко Арсовски. Покрај нив се и Азис Исмаил, поранешен медалист на европско првенство за помлади сениори, европските шампиони до 21 година, Петар Спасеновски и Доан Османи, кои ќе се натпреваруваат во екипна конкуренција, како и најмладиот Фахик Весели, освојувач на бронзен медал на Младинските игри минатата година.

Во женска конкуренција се Наташа Стефановска и Сара Радичевска кои во минатите години имаат пласмани на 5 место на континенталните шампионати, како и искусните Симона Заборска и Моника Стефановска.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *