Почетна / Занимливости / Кинезите вештачко сонце ќе ги грее

Кинезите вештачко сонце ќе ги грее

Kинеските научници објавија дека до крајот на оваа година ќе ја завршат изградбата на вештачкото Сонце.

Експерименталниот фузиски реактор, односно вештачкото Сонце, кое имитира процес на нуклеарно фузија, направи пресвртница во експериментите од овој вид кога достигна температура од 100 милиони Целзиусови степени.

Сега кинеските научници објавија дека ќе ја завршат изградбата на реакторот “HL-2M tokamak” до крајот на годината, вели магазинот “Science Alert”.

Плазмата на вештачкото Сонце главно се состои од електрони и јони, кои ќе служат како вовед за идните фузиски реактори, со што Кина ќе се доближи до остварување на сонот за чиста енергија.

Ова е продолжение на неверојатниот научен успех на Кина, која неодамна ја испрати сондата Change 4 на темната страна на Месечината.

Кинезите беа први што направија “ГМО бебе”, а сега најавија лансирање на вештачко Сонце.

Најавена е и вештачка месечина, односно сателит за осветлување, што ќе му служи на градот Ченгду наместо улично осветлување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *