Почетна / Спорт / Кинеските олимпијци “освоија“ по автомобил

Кинеските олимпијци “освоија“ по автомобил

Кинеските олимпијци кои освоија златен медал на Летните Олимписки Игри во Токио за награда од еден од своите автомобилски брендови Хонгки добија најнов модел на лимузина Х9.

Вкупно 52 лимузини ќе даде овој автомобилски производител на кинеските спортисти, иако Кина освои вкупно 38 злата на ЛОИ во Токио, зашто дел од тие се во тимски спортови. Инаку една ваква лимузина Х9 со најскапа опрема чини 57.000 долари.

Златните олимпијци добиваат автомобили во нивна трајна сопственост, додека олимпијците кои освоија сребра или бронзи ќе добијат исти вакви лимузини, но само на користење – ќе може да ги возат, но нема да ги имаат во сопственост.

Хонгки Х9 е луксузна лимузина од класата како што се Ауди А6, БМВ Серија 5 или Мерцедес Е-класа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *