Почетна / Избор на Уредникот / Кирил Гогов со управувачки пакет во “Брегалница 2008“ АД.

Кирил Гогов со управувачки пакет во “Брегалница 2008“ АД.

Откако Советот на Општината на последната седница донесе едногласна одлука за продажба на ФК Брегалница, денеска и официјално беше соопшетено на прес конференцијата во Собранието на општината дека продажбата е успешно завршена, во сооднос 51-49 во полза на новиот инвестор на Брегаклница, Кирил Гогов, кој единствено се јавил на јавниот повик за продажба на акциите на клубот.
„Сакам да ја инфрмирам јавнмоста дека успешно е реализирана одлуката на Советот на општината за продажба на Брегалница. На јавниот повик се јави само еден кандидат, Кирил Гогов и тој е новиот сопственик на клубот.. Сметам дека Брегалница во иднина ќе постигнува успешни резултати, ќе биде гордост на градот . Јас верувам во новиот сопственик дека Брегалкница ќе остане бренд и за две години штипјани ќе ја прослват 100 годишнината од постоењето на клубот со пласман и во европските купови.. Кирил Гогов е успешен бизнисмен и не случајно лани беше прогласен за најдобар спортски работник на Штип. Општината и натаму ќе дава поддршка на Брегалница…“- рече градоначалниот на Штип, Благоја Бочварски.
„Сакам Брегалница да биде организиран клуб, да постигнува успешни резултати и со нив сите да се гордееме. Политиката треба да ја оставуиме на страна. Ќе сторам се – Брегалница да стане член на елитното друштво, а потоа да разговараме и за нешто повеќе…“- изјави новиот. инвеститор на Брегалница, Кирил Гогов.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип без “црногорски конзул“.

Република Црна Гора реши да го разреши нејзиниот почесен конзул во Штип , охриѓанецот Бранко …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *