Почетна / Занимливости / Кога зборуваш за владата тогаш шепоти.

Кога зборуваш за владата тогаш шепоти.

Владата забрани нормален говор меѓу двајца луѓе.Значи треба да шепотат, особено ако некој има нешто против.Владата забрани во кафетерии и кафеани да гостуваат музичари, ди џеи.Но што со фактот дека некои од музичарите и ди џеите се вработени во угостителските објекти.Божемното дисциплинарање на музичарите како главни виновници за ширењето на ковид 19, е исто како во вредниот век кога бо налог на црквата жените и мажите кои не се согласуваа со црквата беа прогласувани како вешерки и вештери и беа спалувани на клада.

Разни асоцијации на музичари, фотографски студија, агенции за организирање концерти, музички продукции, ди џеи, организираат протест на 07.10.2020

14 ти Март е денот кога со уредба се затворени Ноќните Клубови во Македонија. Одтогаш па наваму сме:
7 месеци- присилно затворени без ниту еден работен ден;
7 месеци – лични задолжувања за трошоци (кирии,плати и паушали) за опстанок на Ноќните Клубови;
7 месеци – со 0 денари помош од државата.
Без одговор на писменото барање до влада за состанок со претставници од власта за решавање на нашето прашање, како најпогодени од целата ситуација.
Дали сме граѓани на оваа држава само КОГА плаќаме даноци и лиценци за работа❓
– ПРОТЕСТИРАМЕ за добивање на финансиска подршка која би требало да не следува како едни од најпогодените во целата ситуација❗️
– ПРОТЕСТИРАМЕ за ДИСКРИМИНАЦИЈАТА спрема нас во ова “ЕДНАКВО ПРАВНО ОПШТЕСТВО”❗️
-ПРОТЕСТИРАМЕ за нашето основно граѓанско право:ПРАВО НА РАБОТА❗️
🗓 Дата, ден и почеток:
07.10.2020 / Среда / 14:00ч
🏛 Местоположба: Скопје
Влада на Република Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *