Почетна / Црна хроника / Косовар сакал да шверцува лекови

Косовар сакал да шверцува лекови

Полицијата открила пакети со лекови во багажник на автомобил на косовски државјанин кој бил запрен на обиколницата во Скопје кај Радишани.

Според информациите на МВР,  полициски службеници запреле автомобил „опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *