Почетна / Избор на Уредникот / Криоделегатите избираа претседател.

Криоделегатите избираа претседател.

Криофиоките зашкрипеа, се отворија и се разбудија 40-те замрзнати делегати за секоја прилика.Со маски на лицето отидоа, така уште неизбањата, ниту дотерани на собрание.Се видоа меѓу себе, си помуабетија,  и  избраа претседател во името и презимето на Димитар Џонов.Овие крио делегати од божемни фудбалски клубови, не само што се на копче, и несамо што имаат сеуште замрзнат мозок, имаат огромни “резултати“ во фудбалот.Ете, благодарејќи им ним, во Штип нема општинска фудбалска лига, односно нема натпреварувања.Доколку ги имало тогаш ќе имаше публика, ќе имаше видео записи, ќе имаше тепани судии, ќе имаше докази.Тие ја замрзнаа лигата само за да можат љубоморно да ги чуваат привилегиите. Некои од нив се боксери, други се дрвоцепачи, трети се божемни фудбалери, а сите се бадијалџии.Сепак добри се овие крио војници, ќе се најдат за политички избори.Ова собрание не беше за фудбалот, туку за политиката.Тест дали крио делегатите ќе и бидат во функција на оваа или онаа партија.Ги имаше денеска и од ДПМНЕ и од СДСМ и од некои трети од преку Вардар.Дури и врвните клубови Брегалница и Кит –го  кој како домаќин ги игра натпреварите во Пехчево се најдоба во тие криофиоки.И заклучокот од замрзнувањето, е тие што божем се мајстори за брзо крио замрзнување и одмрзнување, како заштитници на законот од безредието, нема кој да ги одмрзне.Толку многу  мраз нафатиле, како да се јужен пол.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *