Почетна / Занимливости / Лабави мерки -зголемена побарувачка за кондоми

Лабави мерки -зголемена побарувачка за кондоми

Продажбата на кондоми во земјите кои ги олеснуваат мерките против короната почнува да расте. Ова го објави копманијата „Рекит“, во чија сопственост е брендот „Дурекс“. Компанијата пријави двоцифрен пораст на продажбата на овие кондоми во првото тримесечје од 2021, во споредба со истиот период лани.

Според компанијата, побарувачката за производите за сексуална заштита е зголемена во Кина, но и во делови од САД и Европа.

На стартот на пандемијата, „Рекит“ кажа дека луѓето имаат помалку секс поради коронакризата, делумно и поради чувството на анксиозност. Ова првпат се променило лани летото кога почнале да се олеснуваат мерките за социјално дистанцирање.

„Во овие региони се намалува бројот на новозаразени, со што се олеснуваат рестрикциите и се намалува анксиозноста околу пандемијата. Тоа поттикна силен раст во нашата категорија за сексуална добросостојба“, изјави извршниот директор на „Рекит“, Лаксман Нарасимхан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *