Почетна / Избор на Уредникот / Лекари од Скопје дежураат на инфективно во Штип

Лекари од Скопје дежураат на инфективно во Штип

10 тима од по двајца специјалисти интернисти од Здравствен дом Скопје во наредните три недели ќе бидат ангажирани на Инфективното одделение во Клиничката штипска болница за да помогнат на нивните колеги во оваа здравствена установа, каде што бројот на пациенти е веќе речиси исполнет. Директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски, за Фактор вели дека ова е на барање на Министерството за здравство, бидејќи во моментов во болницата во Штип навистина има потреба од дополнителен медицински кадар.-Ангажманот на лекарите специјалисти по интерна медицина од Здравствен дом Скопје во Клиничката болница во Штип почнува од денеска. Станува збор за 24 часовни дежурства, но на секој трет ден. Смените се веќе направени, значи денеска одат двајца, дежураат до утре, таа екипа се враќа, па на 1.август одат други двајца. Така ќе биде во наредните 20-тина дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *