Почетна / Бизнис / Мадиумските јавачи на апокалипсата!

Мадиумските јавачи на апокалипсата!

Да се земе се‘ што може да се грабне во матно време, какво што е ова, не поради ковид, туку поради матните мозоци, кои изнедруваат матни мисли, и матни активности.Макијавели е мало дете за нашиве лица со матни мозоци.Пандемијата од политиката, од матниот бизнис, се  префрли и кај неколку сопственици на телевизии во Македонија.Таа врхушка од пет телевизии сакаат пари, пари, што би се рекло преку лебот и погачата-симит.

За да дојдат до целта, ги уценуваат фаците со матни политички мисли и зделки.За да дојдат до парите измислуваат килави решенија, и ако нешто не им се допадне, ќе се покакаат од нервоза и пак ќе уценуваат.Принципот доколку не ми ги исполниш желбите ќе видиш што ќе ти направам, за жал минува  кај функционерите со матни мозоци.Една желба, па втора и сега трета или четврта.Петте ујдурмаши сакаат кабелските оператори, да има дадат пари и тоа не малку по 100 денари  од претплатник, знаејќи дека ќе наидат на отпор, повторно се обраќаат кај матните функционери.Овие како големи изумители вела “Еурека“, ќе формираме фонд од парите на кабелските оператори, кои мора да издвојат 1% од бруто приходот, и парите што би се собрале, би ги делела владата на овие петтемина арамбаши.

Луѓето кои чесно цел живот работат, и успеваат да го развијат својот бизнис, секако ќе реагираат.Со право Роберт Димитров – Роби, сопственик на Телекабел, реагира на ваквите безобразно-безобѕирно уценувачки, заканувачи идеи.Државата и во најлошиот облик како оваа нашава не смее да биде маќеа за едни, а за малкумина мајка.Факт е дека државата досега повеќе беше маќеа, отколку мајка.Па некои толку многу ги разгали, и  на тие треба да им се изрече педагошка мерка “лошо ќоше“ со клечење на зрно пченка.Не е важно дали галениците се од медиуими или некоја друга фела.Важен е примерот што треба да го создаде, мајката ( држава) и да ги скроти петглавите аждаи со својата раскалашеност.

Отворањето, работењето и натамошната перспектива на медиумскиот бизнис, е крајно одговорна работа, нивните “капетани немаат време  да размислуваат за тоа каде бродот плови, , но се многу одговорни  за тоа што бродот му тоне“.Така, и со овие петте телевизии, би било најдобро да го напуштат бизнисот бидејќи не ги бива, односно да ги напуштат лотките што им потонаа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Понизок ДДВ за струјата, данок за горивата.

На утрешната седница Владата ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *