Почетна / Свет / Мадуро стави катанец на границата со Бразил

Мадуро стави катанец на границата со Бразил

Бразил го отфрли постоењето на било каков ризик да дојде до конфликт на границата со Венецуела, по одлуката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека ја затвора таа граница.

Бразилската влада соопшти дека засега не идентификувала можност за конфликт бидејќи се работело за хуманитарна помош и оти има намера да обезбеди логистичка помош за да ја испорача оваа помош за Венецуела утре.

Мадуро вчера нареди затворање на венецуелската граница со Бразил и најави затворање на границата со Колумбија, два дена пред најавеното пристигнување на хуманитарна помош во земјата.

Потегот на Мадуро доаѓа откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и неговите подржувачи во Бразил и Колумбија започнаа со собирањето хуманитарна помош за Венецуела.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *