Почетна / Занимливости / Македонската фотографија во Уметничката галерија “Безистен“.

Македонската фотографија во Уметничката галерија “Безистен“.

На 21 јуни во НУ Уметничка галерија „Безистен“ во Штип со почеток во 21,00 часот, ќе биде претставена изложбата од последните 57 „Денови на македонска фотографија“. Љубителите на добрата фотографија од Штип ќе можат да ја видат, специјално за нив репризирана поставката од последните ДМФ кои оваа година се одржаа во Прилеп. Фото сојузот на Македонија во соработка со двата клуба ФК „Ванчо Прке“ и ФК „Широк агол” и поддршка од Локална самоуправа на градот, прави исклучок и за првпат изложбата ја носи во Штип. Ќе ни биде особено задоволство да присуствувате на претставувањето на најдобрите фотографии и автори од Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исповед на една младост (true story)

Долга , убиствена беше ковид паузата.Реков штом ги укинаа мерките да заминам во дискотека, и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *