Почетна / Спорт / Македонските каратисти најавија освојување на медали од ЕП

Македонските каратисти најавија освојување на медали од ЕП

Карате репрезентацијата на Македонија е подготвена за нови успеси на меѓународна сцена. Каратистите по завршувањето на подготовките во Пехчево денес имаа средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, од каде најавија нови медали од претстојното Европско првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија (28 март до 1 април).

Селекторите веруваат во квалитетите на нивните избраници и очекуваат дека и овој пат поголемиот дел од нив ќе се најдат на победничкиот подиум. Инаку на ова Eвропско првенство вкупно ќе настапат над 500 каратисти од вкупно 51 земја.

Во продолжение ви ја доставуваме листата на спортисти по категории кои ќе настапат на ова Европско првенство:

Кумите машки:

Емил Павлов -60
Берат Јакупи -84
Фахик Весели -68
Жарко Арсовски 84+
Азис Исмаил -75

Кумите женски:

Наташа Стефановска -61
Сара Радичевска -50
Симона Заборска -55
Моника Стефановска -68

Екипно:

Доан Османи -75
Петар Спасеновски -84

Кати:

Фери Исиќ
Пулeксенија Јовановска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *