Почетна / Занимливости / Малку доцна, Русите снимаат “Чернобил“

Малку доцна, Русите снимаат “Чернобил“

Една руска телевизиска мрежа најавила дека ќе сними своја верзија за серијата „Чернобил“ која ќе биде заснована на претпоставката дека ЦИА испратила агент во Чернобил за да изврши саботажа.

Како што наведуваат од „The Moscow Times“, руските медиуми кои се тесно поврзани со Владимир Путин ја критикуваа серијата „Чернобил“ која во Русија стана национална сензација, иако е достапна само преку интернет.

Новинар од најпопуларните руски весници тврди дека серијата не е веродостојна и дека ја карикира вистината.

„Конкурентите ја користат оваа серија за да ја “извалкаат“ сликата за Русија како една од нуклеарните сили“ – изјавил тој.

Водителот од Тв каналот „Rossia 24“, Станислав Натанзон изјавил дека на серијата единствено нешто што ѝ недостасува се мечки и хармоники. Ги обвинил авторите на серијата дека лажеле за руските власти кои не сакале да ја признаат својата грешка, спомнувајќи ја сторијата на Валериј Легасов во која во 1987-та година го критикувал управувањето на нуклеарната индустрија, а истата била објавена во руските весници.

Меѓутоа, водителот не истакнал дека уредниците на „Komsomolskaje Pravde“ не сакале да ја објават таа сторија кога Легасов ја напишал туку дека таа е објавена две недели по самоубиството на Легасов.

„Фактот што американскиот, а не рускиот телевизиски канал ја раскажа приказната за нашите херои претставува срам за медиумите кои се наклонети кон Кремљ“ – пишуваат руските медиуми.

Токму тоа е причината заради која русите сакаат да направат своја телевизиска верзија на оваа приказна која ќе биде основана врз теории на заговор.

Во исто време, низ целиот свет, серијата „Чернобил“ доби големи пофалби. Серијата веќе го доби епитетот за една од најдобрите серии во историјата на „HBO“, а за нејзината популарност зборува и туристичкиот “хаос“ во Чернобил кој следеше по почетокот на емитувањето на серијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *