Почетна / Спорт / Меси кажа дека не бил направен пенал над него.

Меси кажа дека не бил направен пенал над него.

Екипата на Барселона на натпреварот против Рајо Ваљекано успеа да слави со 3-1 и продолжи да ита кон титулата во домашното првенство, а по натпреварот на Интернет се појави видео, кое ја одушеви Шпанија.

Меси успеа да постигне еден од головите во триумфот над тимот на Столе Димитриевски, но истовремено покажа дека е голем човек. По еден дуел со противнички играч во казнениот простор, судијата Лопез мислеше дека е пенал и побара помош од ВАР-технологијата.

Но, Лионел Меси му сигнализираше дека не е пенал и дека нема потреба да бара асистенција од судиите во видео-собата, што потоа се покажа и како точно. Судијата му крена палец, како знак на благодарност за искреноста.

Аргентинскиот мајстор е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а со овој потег, уште еднаш покажа дека е и голем спортист.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *