Почетна / Црна хроника / Место каранфилчиња, садел марихуана

Место каранфилчиња, садел марихуана

Во саксии, наместо цвеќе, 37 годишен штипјанец пред очите на соседите одгледувал марихуана. Ова е причината вчера, по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ѓ.Т. на ул.„Балканска“ во Штип. При претресот биле пронајдени насади со марихуана, кои биле одземени и дадени на вештачење…

„Ѓ.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип, а по комплетирање и документирање на случајот, него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, изјави Гордана Панајотова – портпарол во СВР Штип

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *