Почетна / Спорт / Млади штипски боксери на ЕП во Сараево.

Млади штипски боксери на ЕП во Сараево.

Од денеска па до 21 Август, главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево ќе биде домаќин на претстојното Европско првенство во бокс за деца , момчиња и девојчиња.. Во состав на репрезентацијата на Република Македонија ќе земат учество шест деца од кои пет машки и едно девојче. Репрезентацијата ќе биде предводена од три тренери, истакнати боксерски имиња и великани во боксот. Димитар Ташков, Алија Мухамед и Насер Харуни.На списокот на репрезентацијата се Алиџан Демиров и Мила Ѓорѓиева, боксери победници во своите категории од државното поединечно првенство на Р.Македонија за 2021г, двајцата од БК Пинк Пантер Тим од Штип. Во моментов, Алиџан и Мила активно се подготвуваат во матичниот клуб под водство на тренерот Мејдин Бајрам кој е задолжен за брусење на боксерската ворма и кондициона припрема за претстојното ЕП, и на тренерите на клубот Ристе Грбев и Димитар Ташков.

Очекувањата пред се на Боксерската федерација на Македонија, а и на управата во нашиот клуб се големи и реални, односно по квалитетите со кои располагаат и двата боксери, вложената и напорна работа и труд и пред се мотивот за успех на самите боксери ни дава за право да очекуваме одличие, односно медал. Ова за нас претставува и историја, затоа што Мила и Алиџан се првите боксери од БК Пинк Пантер Тим кој учествуваат на официјално европско првенство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *