Почетна / Спорт / Мурињо половина Јунајтед го сака во Рома

Мурињо половина Јунајтед го сака во Рома

Жозе Мурињо од идната сезона ќе работи на кормилото на Рома. „Римјаните“ отвораат нова страница со искусниот португалски стратег на клупата, добил ветување дека ќе сторат се за да му обезбедат квалитетни засилувања, па веќе почнаа да кружат информации околу играчите кои Жозе би требало да ги добие во текот на летото. Тоа се фудбалери со кои работеше во Манчестер Јунајтед и Тотенхем изминатите неколку години.

Прв на листата е Немања Матиќ. Со него соработуваше во Челзи и во Манчестер Јунајтед, па добро ги знае неговите квалитети. Тој би бил одличен во дефанзивниот ред на Рома. Српскиот репрезентативец е главна цел на Мурињо, а е под договор со клубот од „Олд Трафорд“ на уште две години, па за него ќе мора да се плати отштета.

Други играчи кои можат да бидат дел од новата Рома се централниот бек Ерик Диер, крилото Пјер-Емил Хојберг и напаѓачот Ерик Ламела од Тотенхем, бекот Диого Далот од Манчестер Јунајтед кој сезонава игра како позајмен во Милан како и шпанскиот интернационалец Хуан Мата кој по завршувањето на сезоната ќе си оди од „Олд Трафорд“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Астибо“-футсал, лош домаќин.

Во рамките на 12 коло во Штип требаше да се одигра средбата Астибо-Црна Река, во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *