Почетна / Бизнис / Намалено ддв до утре.

Намалено ддв до утре.

Владата донесе одлука една година да го намали ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 отсто. Одлуката важи од 1-ви јули годинава па се до истиот месец следната година. Оваа одллука според информациите од Илинденска број 2, важи за промет и увоз на електрична енергија за домаќинствата. Од Регулаторната комисија за енергетика уште пред една година кога се подготвуваше либерализацијата на пазарот со електрична енергија побара од властите да се намали ДДВ-то се со цел можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес. Дел од даночните експерти пак сметаат дека кога се зголемува данок постои ризик од постигнување на  посакуваната цел, кога се намалува, уште поголем. Активистите пак, задоволни од намаленото ДДВ на електричната енергија и сега апелираат цената на струјата да нема нагорна корекција.

Одлуката за намалување на ДДВ-то на електричната енергија е донесена на владина седница, со што министрите го утврдија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, според кој ДДВ-то на струјата се намалува од 18 на пет отсто заклучно со 1-ви јули 20202 година. Измените предвидуваат и во период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година, даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе изнесува 10 проценти. По 1 јули 2023 година, даночната стапка ќе се врати повторно на 18 проценти.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипско културно лето ,36-ти пат.

Општина Штип ќе го организира 36-тото издание на манифестацијата од уметноста, културата, забавата “Штипско културно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *