Почетна / Занимливости / Наместо облека, носи маска!!!

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на филаделфиското возење велосипеди, настан кој ја слави убавината на различностите на сите тела.

Ваквиот настан се одржува во Филаделфија уште од 2009 година, повикувајќи ги луѓето да се соблечат и да возат велосипед. Учесниците често ги украсуваат своите голи тела со шарена боја или други креативни додатоци.Организаторите биле одлучни во намерата да успее овогодишното возење откако пандемијата минатата година им ги наруши плановите. За да се придржуваат до градските прописи за Ковид-19, тие ја усвоиле мантрата „соблечи ја облеката, стави маска“ и се чини дека повеќето учесници се придржувале до овие правила.

Велосипедистите се собрале во саботата на појдовната точка во Глендининг Рок Гарден за да се соблечат и да нанесат бои на своите тела. Тие го следеле водичот на рутата која минувала низ многу различни места, а истата завршила во близина на паркот Матијас Болдвин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *