Почетна / Занимливости / Народниот театар од Штип, не е избран да учествува на Фестивалот “Војдан Чернодрински“

Народниот театар од Штип, не е избран да учествува на Фестивалот “Војдан Чернодрински“

МТФ „Војдан Чернодрински“ по 54-ти пат ќе се одржи од 7 до 15 јуни. Во официјална конкуренција ќе бидат осум претстави, а наградите за животно дело ќе им бидат доделени на истакнатиот македонски режисер Владимир Милчин и на актерот Бајруш Мјаку. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на Фестивалот во Прилеп.

Дирекцијата на македонскиот театарски фестивал ги соопшти претставите кои се во официјална конкуренција и кои учествуваат на истиот:Ќе бидат изведени претставите „Магбет“ во режија на Нела Витошевиќ од МНТ, „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ од Драмски театар Скопје, „На отворено“ режија Андреј Цветановски на театар Комедија, „Смртта на Дантон“ режија Дино Мустафиќ на Албанскиот театар, „Физика на тагата“ режија Милош Андоновски на Кумановскиот театар, „Бакхи – краток преглед на распадот“ режија Игор Вук Торбица на Битолскиот театар, „Животинска фарма“ режија на Љупчо Ѓоргиевски на Струмичкиот театар и „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на театарот домаќин „Војдан Чернодрински“.

За жал во листата на учесници годинава ќе нема претстава од Народниот театар-Штип.Погрешната театарска – уметничка политика изминатите години му пресуди на штипскиот театар, од дузина професионални театри само штипскиот да го нема на “Чернодрински“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христос Воскресна-Навистина воскресна.Честит 1-ви мај!

РЕДАКЦИЈАТА НА РАДИО ШТИП, НА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ-ЧИТАТЕЛИ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *