Почетна / Бизнис / Најквалитетни жени во бизнисот

Најквалитетни жени во бизнисот

Здружение за еднакви права и можности ЖЕНИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА – Штип, во соработка со Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“,по трет пат организираат настан на кој ќе се прогласат Најуспешните жени претприемачи од источна, југоисточна и североисточна Македонија за 2018 година.

На настанот беа пријавени голем број на жени, но се селектираа само дваесет од нив, врз основа на постигнатите разултати во областа во која делуваат.

Жените со нивните фотографии и портфолија беа објавени на фан страницата „Жените во економијата“ на Facebook, каде јавноста имаше можност да ги погледне, а една од нив ја избра во категоријата Најуспешна жена претприемач за 2018 година според публиката (ова признание се додели врз основа на добиениот број гласови/лајкови на гласањето кое беше спроведено во периодот од 23 до 26март 2018 година).

На настанот ќе бидат прогласени најуспешните жени и во следниве категории:

– Најуспешна жена претприемач за 2018година,

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година во категоријата – Бизнис со најголем потенцијал,

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година во категоријата – Бизнис со најголем раст,

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година во категоријата – Најмлад бизнис,

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година во категоријата – Најхуман бизнис,

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година во категоријата – Бизнис со најдолга традиција,

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година според публиката (ова признание се доделува врз основа на добиениот број гласови/лајкови на гласањето кое се спроведе во периодот од 23 до 26март), кои се доделуваат од жири комисијата

и две признанија:

– Специјално признание за најголем хуманист и

– Најуспешна жена претприемач за 2018 година во категоријата – Најкреативен бизнис, кои се доделуваат од страна на Здружението Жените во економијата.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *