Почетна / Балкан / На Бугарско – српската граница запленети 1.5 тони канабис

На Бугарско – српската граница запленети 1.5 тони канабис

Бугарската погранична полиција на граничниот премин со Србија заплени 1.500 килограми марихуана скриен во камион, соопшти шефот на царинската управа, Ѓорги Костов.

Надлежните пронашле канабис скриен меѓу линолеум за време на рутински контроли на царинскиот премин „Калотина“ по полноќ, рекол Костов, пренесе „Ројтерс“.

Властите бараат српски возач, кој успеал да побегне во шума во близина на градот Сливница.

Неговиот идентитет е утврден и наскоро по него ќе биде издадена европска потерница, посочи Костов.

Тој додаде дека тоа е една од најголемите заплени на марихуана во Бугарија.

Крајната дестинација на канабисот била Турција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *