Почетна / Балкан / Нема посебен режим за оние кои сакаат да летуваат во Албанија

Нема посебен режим за оние кои сакаат да летуваат во Албанија

Нема да има пречки за оние што сакаат да летуваат во Албанија.

Албанскиот премиер, Еди Рама, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои годинава сакаат да oдмораат во Албанија. Влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку лани. На туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, пренесува „Албаниан дејли њуз“. Како што вели Рама, резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат.  Албанија сака да стигне до милион вакцинирани граѓани. Во пресрет на летната сезона земјите ги прецизираат правилата за патување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 900.000 лица се вакцинирани во Србија

Досега 901.946 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија, додека 264.587 од нив ги примиле …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *