Почетна / Свет / Не за Трамп, рекоа Германија и Франција

Не за Трамп, рекоа Германија и Франција

Засега Франција нема да реагира на повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп, преку кој побара сојузниците од ЕУ да прифатат стотици борци, повратници од Сирија, изјави француската министерка за правда, Никол Белобет.

„Постои нов геополитички контекст, во поглед на повлекувањето на САД од Сирија. Засега не ја менуваме својата политика и не реагираме на барањата од Трамп“, рекла Белобет.

Повикот на Трамп ладно е дочекан и во Германија, чии власти соопштија дека Берлин може да прифати борци од „Исламска држава“ само ако осомничените имаат конзуларен пристап.

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас рекол дека „хуманитарните случаи“, жените и децата веќе се вратени и оти за другите случаи тоа би било можно само ако постои можност веднаш да се покренат судски постапки.

„Потребни ни се информации, потребни ни се истраги, а мислам дека тоа во моментов е исклучитено тешко да се провери“, рекол Мас.

Борците кои се поддржани од САД планираат да ја заземат и последната енклава во Сирија, којашто сè уште е под контрола на „Исламска држава“, а Трамп викендов ги повика Германија, Франција и Велика Британија да го прифатат враќањето на околу 800 заробени џихадисти, за да им се суди во матичните држави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *