Почетна / Црна хроника / Нови транзитни мигранти фатени во Македонија

Нови транзитни мигранти фатени во Македонија

Полициски службеници забележале сомнително патничко возило „Рено” со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат не застанало. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе и во него имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, додека возачот М.Р.(26) од село Банско, Струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.Исто така, од слобода бил лишен и Т.И.(40) од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат” со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р.. Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *