Почетна / Инфо / Нови цени на дериватите.Оп за бензинот, Мира дизел статус кво

Нови цени на дериватите.Оп за бензинот, Мира дизел статус кво

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи на сила од ноќеска на полноќ.

Според новиот ценовник, бензинот еуросупер БС 95 поскапува за 1,5 денари, а еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар.

Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на еуросупер БС-98. Литар еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 60,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) ќе чини 49 денари.

За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC, кој ќе чини 32,698 денари по килограм.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *