Почетна / Свет / Обвинението против Асанж, е обвинение за сите новинари

Обвинението против Асанж, е обвинение за сите новинари

Адвокатот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, Бари Полак, оцени дека обвинението против Асанж е без преседан и претставува закана за сите новинари кои ја информирале јавноста за акциите на американската влада.

Според Полак, Асанж е обвинет за „охрабрување извори да му дадат вистински информации”.

-Целиот случај е закана за сите новинари во извршувањето на нивната работа, истакна Полак.

САД подигнаа ново обвинение под 18 точки против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, тврдејќи дека ги довел во сериозна опасност со објавување на повеќе илјади строго доверливи документи, вклучувајќи ги и имињата на доверливите извори на вооружените сили.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственик на златарница ги уби ограбувачите.

Двајца разбојници се убиени во обид за ограбување на златарница во селото Гринзане Кавур во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *