Почетна / Македонија / Од Струга до Куманово има, од Куманово до Гевгелија пари за култура нема

Од Струга до Куманово има, од Куманово до Гевгелија пари за култура нема

Премиере Заев.

Уште тоа недостасуваше, не дека го немало, но сега претеравте.Зошто вие како премиер, претседател на Влада, на СДСМ претседател , ја поделивте Македонија на етничка основа.Знам дека ќе одговорите дека тоа не е вистина.

Но погледнете и на вистината в очи, а вистината е програмата на Министерството за култура со која се финасираат проекти од национален интерес.Пари има од Струга до Куманово, пари нема од Куманово до Гевгелија.

Мораме да прашаме дали овие градови општини, урбано рурални и нерурални средини, не сакаат култура поезија, театар , фоклор, па и забава.

Да потсетиме премеру Заев, ова што сега Вашата влада го направи не го правеа ниту Османлиите.Не го правел ниту  Кралот Александар Караѓорѓевиќ.Та зарем само “Преспа“ и НАТО е важни.Што велите пред вашите коалициони партнери да се сетат, да го заборавиме Св. Климент.И тој пак што му текнало да ја унапредува глаголицата и да направи Кирилица.Што ќе ние жабја потковица велеше Горан Стефановски.

Вие одлучивте без око да ви трепне, да негираште се` што е традиција во културатаи уметноста,Вие одлучивте Источна Македонија да ви биде сомнителен и отсечен Источен револуционерен кружок.Па зарем премиеру Заев, Коста Рацин односно неговиот роден град, не заслужува повеќе програми, или ете Кочани, Виница, Радовиш, и Вашата родна Струмица, во Валандово со народни пари ќе го нема Фолк Фест.Симнете го срамот од образот, оваа навредувачко потценувачка, омаловажвачка, божемна национална програма.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *