Почетна / Занимливости / Од студот заштитил 70 бездомници.Им платил хотел

Од студот заштитил 70 бездомници.Им платил хотел

Непознат добар човек спасил 70 бездомници од рекордно ниските температури во Чикаго така што им платил престој во хотел.

Американските медиуми пренесуваат дека луѓето логорувале во шатори откако нивните боци со пропан биле конфискувани во време кога температурите беа и 32 степени под нулата.

Се очекуваше градот, кој беше зафатен од поларен вител, да биде постуден од Антарктикот, Алјаска и Северниот Пол.Жаклин Рашев, портпаролка на хуманитарната организација „Спасувачка армија“, истакнува дека групата поставила импровизиран камп и користела донирани боци за да се стопли, но една боца експлодирала.

По инцидентот пожарникарите ги отстраниле сите други боци затоа што претставувале закана за безбедноста.

Рашев додаде дека додека се подготвувал импровизиран центар за затоплување, таа била известена од страна на градот дека неименуван донатор ќе им плати сместување во хотел.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *