Почетна / Балкан / “Отворен Балкан“ ја брише границата помеѓу Албанија и Косово.

“Отворен Балкан“ ја брише границата помеѓу Албанија и Косово.

„Отворен Балкан“ конечно ја отстранува границата меѓу Албанија и Косово, напиша Еди Рама на Фејсбук. Албанскиот пермиер одговара на критиките од политичари и интелектуалци од Косово и Македонија, но и од домашната опозиција.

Тој објаснува дека „Отворен Балкан“ не е само пат кон иднината за просперитет на албанската нација како европска, која има своја припадност во обединета Европа, туку е и нова, поголема можност на патот кон признавање на Косово од страна на Србија.

Иницијативата т.к.н. „Мал шенген“ да прерасне во „Отворен Балкна“ засега ја поддршаа Белград, Скопје и Тирана. Од Босна и Херцеговина, од Црна Гора, а особено од Косово нема позитивни сигнали за приклучување…

Во објавата, како што пренесува „360 стапени“ тој на оние што го гледаат како „предавник“ им рече дека бил првиот што гласно зборувал среде Белград за признавањето на Косово од Србија и дека ако сите биле како него – секогаш и насекаде, на странски јазици го бранеле признавањето на Косово, денес Косово би било многу повеќе почитувано на меѓународно ниво.

„Без тој сојуз, нема слобода, нема државјанство, нема мир за народот на Косово“, вели албанскиот премиер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *