Почетна / Балкан / Парадокс:Власта штрајкува со глад.

Парадокс:Власта штрајкува со глад.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин утре ќе почне штрајк со глад во српскиот парламентот, пишуваат „Вечерње новости“.

Околу триесетина пратеници од владејачкото мнозинство во републичкото собрание ќе му се приклучат во ова, а во исто време тоа ќе го сторат и дел од општинските советници во белградското градско собрание.

На овој начин, според „Новости“, тие сакаат да го истакнат „насилството извршено од Бошко Обрадовиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ“.

Во текот на денот српскиот министер ќе ја достави својата одлука до претседателот Александар Вучиќ, премиерот Ана Брнабиќ и до неговите соработници во министерството.

Вулин веќе еднаш организираше сличен протест во 2003 година, при што три недели штрајкуваше со глад во притвор. Тој тогаш беше уапсен по судирите со полицијата на протестот поради апсењето и екстрадицијата на Веселин Шљиванчанин во Хашкиот трибунал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *