Почетна / Избор на Уредникот / Партиски листи:Koj со кого, и кој против кого?

Партиски листи:Koj со кого, и кој против кого?

Утре на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори до Општинските изборни комисии. Најголем дел од партиите најавуваат дека кандидатурите до ОИК ќе ги поднесат денеска до крајот на денот или утре. Политичките фактори, пардон партиите од најминорните , па се до највлијателните, настојуваат на секаков можен начин да дојдат до кандидатите кои според нив заслужиле, се истакнале да бидат кандидати за градоначалници, или советници.Се вртат телефони, се “мотивираат“ евентуалните кандидати, ама се‘ потешко им оди убедувањето на политичките партии.Не дека нема луѓе заинтересирани за привилегии, но не од тие што се авторитети меѓу граѓаните во општините низ Македонија.

Регионалната телевизија “Стар“ објави дека на листата за советници на СДСМ  со сигурност ќе се најдат:Иван Бојаџиски, Емил Павлов, Горан Ангелов, Александар Мишев, Дијана Шишкова, Маријана Рогожарска-Поповска, Никола Рилак, Зоран Костовски, Трајче Спасевски и Ферам Мачев – Лаш.

Телевизијата објави и можни кандидати за листата на ВМРО ДПМНЕ, според нив најсигурни  за листата се:Влатко Захариев, Весна Ушинова, Весна Карагунова Кожинкова,Душан Иванов, Драгица Петрова, Дејан Здравков,Благој Цонев, Лазе Димчов, Весна Ничева, Игор Ефтимов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт за паметење и потсетување…

Синоќа ( 05.09.2021) во Домот на културата “Ацо Шопов“, беше организиран концерт во чест на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *