Почетна / Свет / “Перестројката“ , тврди дека НАТО и Америка се осудени на пропаст

“Перестројката“ , тврди дека НАТО и Америка се осудени на пропаст

Михаил Горбачов, лидерот кој го надгледуваше повлекувањето на советските сили од Авганистан во 1989 година, изјавил дека распоредувањето на трупите на НАТО од почеток било осудено на пропаст.

Според светските агенции 90-годишниот Михаил Горбачов изјавил дека НАТО и Американците немаат шанса да успеат и дека лошо управувале со сопствената кампања во Авганистан.

“Тие (НАТО и САД) требаше порано да го признаат неуспехот. Сега е важно да извлечеме поуки од она што се случи и да се погрижиме слични грешки да не се повторат”, било нагласено во дел од изјавата на Горбачов.

Тој забележал дека американската кампања од почетокот била неуспешна, иако Русија ја поддржувала во првите фази. “Како и многу други слични проекти, во центарот на овој проект лежеше преувеличување на заканата и лошо дефинирана геополитичка идеја. На ова беа додадени и нереалните обиди за демократизација на општеството”, потенцирал Горбачов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *