Почетна / Спорт / Пехар и признанија за најдобрите.

Пехар и признанија за најдобрите.

На свеченост доделени признанијата на спортистите за постигањата во 2020 година.. Пехарот заслужено му припадна на каратистот и олимписки кандидат, Емил ПАВЛОВ, кој на Светскиот куп во Салзбур го победи светсииот шампион Анѓело Црешенцо од Италија На второто место се пласира неговиот клупски другар Жарко Арсовски, кој беше 7 на Светскиот куп и државен првак, а Сашко Арсовскји беше прогласен за најдобар тренер. Во конкуренција на сениори и млади наградите ги освоија кик босерите на Гладијатор, Никола Нацев и Слободанка Стефановска, кои на фотографијата се со својот тренер Шенол Асанов. Во пионерска конкуренџија и за најнадежен спортист беа прогласени членоите на „ Осенсеи,“ Јован и Данил Николиски и најнадежниот Димитри Радев, кои на фотографијата се со својот тренер Виктор Велинов. За најдобар клуб во 2020 е промовиран КК Штип

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *