Почетна / Спорт / Пингпонарските надежи ќе играат во Штип

Пингпонарските надежи ќе играат во Штип

Младите штипски пингпонгари добро напредуваат, барем во македонски рамки. Браќата Дамјан и Лука Стојчеви и Мила Штркова, кои немаат наполнето и 18 години се одредени да настапат на Топ 8 во јуниорска конкуренција. Тие ги покажаа своите квалитети и на последното сениорско првенство, кога браќата Стојчеви освоија три медали , а Мила Штркова две. Во Штип, на 19 мај, во оваа конкуренција ќе настапи и Даниел Главевски Жоу, кој има конеско потекло.
Добро е што две првенства по ред се одржуваат во Штип. Досега како да беше заборавен Штип, како центар на пинг понгот во овој дел на Македонија. Веројатно, со одредни разговори, дијалог се надминати одредени проблеми, кои беа причина што штипјани оваа сезона малку гледаа пинг понг…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *