Почетна / Занимливости / Пијан Русин се возеше на аеродромска бесконечна лента

Пијан Русин се возеше на аеродромска бесконечна лента

Снимката од пијан маж од Русија, кој се изгубил во делот за багаж на аеродром додека се обидувал да го најде својот лет, стана вирална. Урнебесната сцена е снимена на аеродромот Шереметјево во Москва на 28 јули.

На снимката се гледа дека се движи на траката со својот рачен багаж, а потоа губи рамнотежна и паѓа, додека ранецот му се заглавил на страничната ограда.

Неколку секунди подоцна се обидел да го откачи ранецот, па траката го “носи” понатаму и мажот не е свесен каде ќе заврши.

На крајот завршил на местото каде се скенира багажот, а таму го пречекало обезбедувањето со цел да го уапсат.

Според пишувањата на локалните медиуми, мажот се обидувал да дојде до пистата каде бил паркиран неговиот авион преку делот за багаж.

Меѓутоа, некаде по пат се изгубил и завршил на подвижната трака за куфери.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *