Почетна / Балкан / Покрај Русија и Кина застана на страната на Србија

Покрај Русија и Кина застана на страната на Србија

По Русија, и Кина ја поддржува Србија по тензиите на Косово кои се јавија поради регистарските таблички на автомобилите.

Тие бараат меѓународната заедница да нема двојни стандарди за косовското прашање.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на Кина и на Русија во Белград, Чен Бо и Боцан Харченко, кои ги изнесоа ставовите на своите држави за настанатите тензии меѓу Србија и Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Кинеската амбасадорка Чен му пренесе на Вучиќ дека позицијата на Пекинг за Косово е конзистентна и јасна. Рускиот амбасадорот Харченко изјави дека Москва со голема загриженост ја следи ситуацијата на северот на Косово. Тој, додаде дека одговорноста за кризата е на привремените институции во Приштина, кои ги кршат и не ги исполнуваат претходно потпишаните договори.

Веќе десет дена има тензии. Ова се случи откако властите во Приштина донесоа одлука за замена на регистарските таблички за возилата кои доаѓаат од Србија, при што специјалната косовска полиција Росу не се повлекува, ниту косовските Срби се откажуваат од блокадите. Дури имаше и информации за тројца претепани Срби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *