Почетна / Црна хроника / Полициски бележник

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (25/26.08.2020) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 20 прекршоци.

 

На 25.08.2020 во 21.57 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом –Штип било пријавено дека во една од просториите на установата пронашле прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и со потврда била одземена прашкастата материја за анализа. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

На 25.08.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Делчево, М.С.  од Делчево пријавила дека околу 19.00 часот на ул.„Осоговска“ во Делчево била физички нападната од Е.В.(32) од Делчево. Е.М. била повикана во Полициската станица Делчево и и бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

На 26.08.2020 во 00.30 часот на ул.„Кеј на револуција“ во Кочани,  полициски службеници од Полициската станица Кочани  го лишиле од слобода Џ.Џ. (19) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“ извршени на подрачјето на Полициската станица Кочани. При преземање на службени дејствија, Џ.Џ. го попречувал и агресивно се однесувал кон полицискиот службеник. Се работи на комплетирање на случаите по што  против Џ.Џ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *