Почетна / Црна хроника / Полициски нотес

Полициски нотес

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (03/04.02.2021) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 25 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 39 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 269 лица со вакви решенија.

 

На 03.02.2021 во времето од 09.00 до 15.00 часот на подрачјето на Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведoa засилени контролни активности на возачи и возила. Притоа, откриени се 32 прекршоци од нив: 24 се однесуваат за непрописно паркирани возила, еден за технички неисправно, еден за нерегистрирано возило, еден без положен возачки испит, еден за неносење на возачка дозвола и 4 останати прекршоци. На сите им биле изречени соодветни санкции.

Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено оние кои се однесуваат на правилно паркирање, како начин да се избегне сообраќајниот метеж кој го отежнува безбедното движење на другите учесници во сообраќајот. СВР Штип и во наредниот период ќе продолжи со засилени сообраќајни контролни активности и секое непочитување на знаците, правилата и прописите законски ќе се санкционира со соодветни поднесоци.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зборуваат за корупцијата, а никако да се ослободат од неа

Македонија се гуши во корупција, и тоа не од сега туку од почетокот на нејзиното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *