Почетна / Црна хроника / Полициски нотес

Полициски нотес

На 29/30.0.7.2021 во периодот од 21.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа констатирани се 8  прекршоци по акциската контрола и 30 останати прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

 

На 29/30.07.2021 во периодот од 20.00 до 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола констатирани биле 6 прекршоци. Притоа 5 возачи не користеле заштитна кацига и 1 останати прекршоци. Одземени се 2 мопеди согласно чл.344 од ЗБСП. Санкционирани се и 18 останати прекршоци.

 

На 29.07.2021 во 14.00 часот во СВР Штип, 21 годишно женско лице пријавило дека околу 04.30 часот  во семејниот дом во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг М.А.. По комплетирање на случајот против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 29.07.2021, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Г.(61) од Штип бидејќи во 12.42 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал неговата 58 – годишна сопруга. По комплетирање на случајот против Б.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 29.07.2021 во 09.40 часот во Полициската станица Виница, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен В.И.(60) од Виница, кој при работа во фирма во Виница се здобил со тешка телесна повреда. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.

 

На 29.07.2021 во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 12.10 часот на ул.„Маршал Тито“ во Берово настанал пожар во патничко моторно возило „Сузуки Свифт“, управувано од Т.К.(78) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово.

 

На 30.07.2021 полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Д.С.(32) од с.Смојмирово, беровско, затоа што физички нападнал полициски службеник, кој вршел службени задачи. По комплетирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава .

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *