Почетна / Црна хроника / Полициски нотирања

Полициски нотирања

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (16/17.07.2020 ) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 24 прекршоци.

 

На 16.07.2020 во 16.23 часот во Полициската станица Делчево, Н.Т.(67) од с.Тработивиште, делчевско, пријавил дека на ул.„Скопска“ во Делчево бил физички нападнат од А.Б.(31) од Делчево. По документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 16.07.2020 во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 17.00 часот во сЦрник, поради меѓусебна нетрпеливост, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(30) од една страна и Е.А.(40) и А.А.(38), од друга страна, сите од сЦрник. На сите учесници во тепачката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *