Почетна / Инфо / Полицијата и војската може да пукаат во криминалците

Полицијата и војската може да пукаат во криминалците

Претседателот на Ел Салвадор, Наџив Букеле, издаде наредба со која им се дозволува на полицијата и војската да користат смртоносна сила во самоодбрана во справувањето со членовите на бандите за време на пандемијата на коронавирусот.

Букеле одговори на својот профил на „Твитер“ по драматичното зголемување на убиствата во текот на викендот истакнувајќи дека ги одобрил мерките затоа што криминалците го искористиле фокусот на властите за борба против ширењето на вирусот.

„Полицијата и војската мора на прво место да ја стават безбедноста на својот живот, на животите на своите колеги и чесните граѓани. Користете ја смртоносната сила во самоодбрана или за да ги заштитите животите на граѓаните на Ел Салвадор“, рече Букеле, пренесува „Си-би-ес-њуз“.

За време на викендот беа убиени 53 лица.

Полицијата ги обвини водачите на бандите дека го ескалирале конфликтот издавајќи наредби од затвор.

Букеле нареди водачите да бидат чувани во строга изолација во затворите, а во некои затвори да ставаат членови на ривалските кланови во истите ќелии надевајќи се дека ова ќе ги намали брановите на насилство.

„Ние ќе ги натераме убијците да жалат до крајот на животот за она што го направиле“, напиша Букеле на „Твитер“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *