Почетна / Избор на Уредникот / ПРАШАЊЕ Е СЕГА :Да се вози или не по автопатот Штип – Миладиновци

ПРАШАЊЕ Е СЕГА :Да се вози или не по автопатот Штип – Миладиновци

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира граѓаните да не возат по новиот автопат Миладиновци -Штип се додека не завршат сите неопходни проверки и додека официјално не биде пуштен во употреба.

– Градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип во сите три секции се комплетно завршени. Автопатот е многу важно да биде пуштен во употреба и тоа ќе се стори, меѓутоа поважно е уште еднаш да се извршат безбедносни проверки по сите елементи на автопатот и тоа ќе се случи во наредните денови, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека се прават дополнителни проверки со цел возачите да бидат безбедни кога возат по тој пат.

– Автопатот ќе биде за многу скоро време пуштен, меѓутоа апелирам додека не биде пуштен во употреба возачите не треба да  возат, истакна Сугарески.

Јавното претпријатие за државни патишта, пред некој ден кажа дека може да се вози по автопатот, и дека едно година ќе се вози без плаќање на патарина.

ПРАШАЊЕ Е СЕГА:ДА СЕ ВОЗИ ИЛИ НЕ!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *